2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија го намалила јавниот дефицит

Шпанија го намалила јавниот дефицит

Spain

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека неговата земја лани го намалила јавниот дефицит на 6,7 отсто од БДП, што е одличен резултат во време на рецесија, но не и доволен за целите на Европската унија.

Конзервативната шпанска Влада воведе непопуларни мерки за штедење, во обид да го намали јавниот дефицит на 6,3 отсто од БДП, колку што изнесува целта на ЕУ, од 9,4 отсто во 2011 година.

Вестите од Шпанија веројатно ќе ги израдуваат финансиските пазари, наспроти тоа што не е исполнета целта на Брисел.  Мерките за штедење во време на длабоката рецесија и невработеност од 26 отсто доведоа до чести протести на шпанските улици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП