28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете сами: Здрави ужинки кои ќе ве одржат во форма

Направете сами: Здрави ужинки кои ќе ве одржат во форма

paprika

Кога сакате да намалите неколку килограми и кога внимавате на секој оброк, обично најголема грижа на совест имате меѓу оброците, односно кога ќе посакате да грицнете нешто. Со овие грицки и ужинки заборавете на грижите! Секоја ужинка е богата со протеини кои ќе го задоволат вашиот апетит и ќе ве одржат сити до следниот оброк.

Домати со фета сирење

paradajz (1)

Исецкајте свеж домат на тркалца, прелијте го со ладно-цедено маслиново масло и одозгора ставете ситни парчиња фета сирење. Можете да додадете и оригано или некој друг зачин.

Јаткасти плодови

jezgrasti-plodovi

Кога ќе помислите на здрави грицки, првата асоцијација се јаткастите плодови. Кикирики, бадеми, индиски ореви… тие се полни со преотеини и здави масти кои ви даваат енергија.

Хумус и црвена пиперка

paprika

Ги избегнувате здравите грицки бидејќи немаат вкус? Тогаш ова е вистинскиот избор за вас! Малку хумус зачинете го со мелена пиперка и уживајте во вкусовите.

Природен путер од кикирики

kikiriki-puter

Путерот од кикирики важи за здрава намирница – освен ако не е органски. Комбинирајте го со јаболки, банани или целер. Направете домашен путер од кикирики и уживајте во вкусот.

Овошје или зеленчук

voce-i-povrce

Не можеме да ги прескокнеме – познато е дека овошјето и зеленчукот се најздравата замена за грицките бидејќи се одличен извор на витамини, минерали и хранливи нутриенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП