Доколку можете да си дозволите телефон од 3.600 долари, дали ќе се одлучите за „Putinphone“?
Овој уред е достапен во две верзии – титаниумска и златна, а на неговото куќиште е гравиран ликот на Владимир Путин.
Луксузниот бренд „Caviar“ во јуни ја претстави првата колекција на „Putinphone“ уредите, кои се засновани на „iPhone 5“, по цена од 4.350 долари.
Нормално, сите 144 примероци беа продадени за само неколку дена.
Сега оваа продавница за накит има во план да направи 299 златни и титаниумски телефони во втората колекција, а тие ќе бидат засновани на „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“.
Меѓутоа, секретарот за медиуми на Путин, Дмитри Пешков, протестираше поради употребата на ликот на рускиот претседател на телефоните.
Па така уредите „Putinphone“ се многу малку, затоа што, компанијата поради Пешков се откажа од производството.