4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на индустриските производи на годишно ниво повисоки за 0,1 отсто

Цените на индустриските производи на годишно ниво повисоки за 0,1 отсто

industriski proizvodi22

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври се непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 0,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, пониски во групата Капитални производи за 3,7 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 1,9 отсто, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 отсто и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП