2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОмега 3 масните киселини ја намалуваат потребата за цигари

Омега 3 масните киселини ја намалуваат потребата за цигари

boximage (18)

Веќе неколку пати сте се обиделе да престанете да пушите, но безуспешно? Научниците од Израел откриваат дека омега 3 масните киселини можат да ви ја намалaт потребата за цигари.

Пушачите кои земаат додатоци како рибиното масло пушат за 10 проценти помалку цигари, така што додатокот на омега 3 масни киселини ја намалува потребата за цигари.

Недостатокот на омега 3 масни киселини е чест кај пушачите, а тоа ги оштетува деловите на мозокот, кои се всушност задолжени за контрола на потребите.

„За време на истражувањето откривме дека омега 3 масните киселини се делотворен сојузник во одвикнувањето од цигари, кои за разлика од бројните други лекови немаат нус појави“, изјави д-р Шерон Рабиновитз Шенкар.

Најдобри извори на омега 3 масни киселини се лососот, скушата, сардините, пастрмката, јаткастите плодови, семките од сончоглед и маслиновото масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП