26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКедира: Останувам на „Бернабеу“!

Кедира: Останувам на „Бернабеу“!

kedira sami

Светскиот шампион со Германија од ова лето во Бразил, Сами Кедира стави крај на сите шпекулации за негов трансфер во зимскиот преоден и рече дека останува во Реал Мадрид барем до крајот на сезоната, кога истекува неговиот договор.

Во моментов тој е со националниот тим на Германија за европските квалификации со фудбалското „џуџе“ Гибралтар во Нирнберг утре вечер од 20:45 часот.

„Не гледам никаква причина да го напушти клубот во текот на зимата“, беше категоричен 27-годишниот фудбалер во интервју за „Кикер“.

„Реал Мадрид е прекрасна средина. Го заклучив овој клуб во моето срце. Нема никаков повод за мене да кажам дека сакам или треба да си заминам“, додаде германскиот репрезентативец.

Лондонските Арсенал и Челзи беа најчесто споменуваните имиња како идни клубови на Германецот уште во текот на летото, а во листата на кандидати за неговиот потпис беа додадени уште градските ривали Јунајтед и Сити од Манчестер, како и Ливерпул.

Од почетокот на сезоната Кедира учествуваше во само 4 дуели на Реал во Ла Лига, а во сите случаи се појави како резерва. Германецот веќе подолго време има проблеми со повреди, па поради тоа и многу малку успеа да одигра за „кралскиот“ клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП