18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТри лоши квартали за Telefonica

Три лоши квартали за Telefonica

telefonicakdj38ry43743fgg43

Продажбата на подружниците во Ирска и Чешка го намали профитот на шпанската телекомуникациска компанија „Telefonica“ во првите девет месеци од оваа година, соопштија од компанијата.

Нето профитот во првите девет месеци, заклучно со септември, потона за 9,4 проценти на годишно ниво на 2,85 милијарди евра, наведува групацијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Заработката од работењето истовремено е намалена за 12,6 проценти на 12,33 милијарди евра, а приходите за 11 проценти на 38 милијарди евра.

На финансиските резултати влијаеше продажбата на филијалите на „Telefonica“ во Чешка и Ирска, но и неповолните девизни курсеви, односно депресијацијата на валутите во Аргентина, Венецуела и Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП