15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроблеми во производството на Galaxy A3 и A5

Проблеми во производството на Galaxy A3 и A5

samsung proizvodstvo 3

Компанијата „Samsung“ на почетокот на овој месец претстави два нови телефони од средна класа, „Galaxy A3“ и „Galaxy A5“, кои ќе се разликуваат по металното „unibody“ куќиште.

Според изворите внатре во компанијата, кои ги пренесува „web“-страната „SamMobile“, во почетокот беше замислено овие уреди да се претстават пред јавноста во текот на третиот квартал од оваа година. Но со оглед на тоа дека се првите телефони од „Samsung“ кои поседуваат метално куќиште, се појавија и одредени проблеми при нивното производство.

Од почетното производство на уредите „Galaxy A3“ и „Galaxy A5“, само околу 50 проценти биле во ред и ги задоволувале стандардите за квалитет на „Samsung“. Производните погони на компанијата досега произведуваа само пластични куќишта во кои понекогаш беа додавани метални делови, па лошите резултати може да се препишат на неискуството во производство на метални куќишта.

Поради тоа што се произведени помалку уреди отколку што беа планирани, „Samsung“ мораше да ги ревидира своите планови за излезот на уредите на пазарот. Па поради тоа „Galaxy A3“ и „Galaxy A5“ засега ќе бидат достапни исклучиво на азискиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП