29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа патот кон бедата – Португалија

На патот кон бедата – Португалија

portugalija2

Португалските кредитори оваа недела наидоа на голем отпор за строгите мерки за штедење кои земјата ја туркаат во беда.

ЕУ и ММФ ја започнаа седмата ревизија на португалската програма за спасување вредна 78 милијарди евра, која земјата ја потпиша на средината на 2011 година со цел да го избегне банкротот.

Иако Португалија до сега го импресионираше финансискиот пазар со исполнувањето на строгите буџетски цели, се чини дека тоа овој пат нема да и успее, бидејќи економскиот раст на крајот од минатата година се влоши.

Поради рецесијата која владее веќе трета година по ред и поради зголемувањето на даноците, се зголемува притисокот за ублажување на мерките за штедење.

„Време е да се отстрани илузијата. Програмата за прилагодување не успеа. Време е таа да се промени, поправи и прилагоди со реалноста“, вели локалното население.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП