26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Костантиновски плант“ ќе вади бакар од валандовски „Казандол“

„Костантиновски плант“ ќе вади бакар од валандовски „Казандол“

rudnikbarak54546

Украинската фирма „Константиновски плант“ на почетокот на идната година ќе почне со површински коп на бакар од рудникот „Казандол“ кај Валандово, соопшти денеска градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски.

Влезот на украинската компанија, според Чурлиновска, за општина Валандово ќе значи раздвижување на економијата во наредните дваесетина години бидејќи истражувањата покажале дека кај Казандол има одлични количини бакар.

Истражувањата на рудникот се комплетно завршени и во наредниот период компанијата и општината заедно ќе работат на уредување на патната и комуналната инфраструктура на локалитетот.

Украинската компанија доби концесии за истражување и експлоатација на руда од три локации во земјава. Нивната инвестиција се проценува на околу 200 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП