3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги отвори вратите за вработување на работници надвор од ЕУ

Германија ги отвори вратите за вработување на работници надвор од ЕУ

industrial-work-loud-noise

Германската влада во средата усвои нови правила за имиграција, со цел да олесни кфалификуваните работници надвор од Европската унија полесно да дојдат до работа, така што ќе го ублажи недостигот  на работници како што се водоинсталатери, машиновозачи,електричари итн.

Новите правила, кои допрва треба да се усвојат во горниот дом на парламентот, треба да ја намали бирократијата за работниците во определените области и да им овозможи полесно признавање на квалификациите.

Правилата ќе стапат на сила во јули.

,,Со новава одлука отфрламе 40 отсто од старите правила и широко отвараме врата за квалификуваните работници, кои можат да и помогнат на нашата земја да напредува”, се вели во соопштението на министерот за труд Урсула Вон Дер Лејен.

Германија веќе воведе систем на ,,сини картони” со кое го олеснува вработувањето на високообразуваните странски работници, а го олесни и вработувањето на странските медицински сестри.Во Германија лани се доселиле 340.000 луѓе, за разлика од пред две години кога бројката изнесувала 128.000 луѓе.

ОЕЦД и препорача на Германија да го либерализира вработувањето на странци со цел да се справат со очекуваниот недостиг од 5,4 милиони работници до 2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП