2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft го претстави својот прв смартфон без брендот на Nokia (фото+видео)

Microsoft го претстави својот прв смартфон без брендот на Nokia (фото+видео)

lumia mic

„Microsoft“ го претстави својот прв паметен телефон кој не го користи брендот „Nokia“. Тој се нарекува „Lumia 535“ и е насочен кон сегментот на евтини уреди.

Уредот не е поразличен од останатите под брендот на „Nokia“. Наместо името на финската компанија, сепак, логоата се заменети со тие на „Microsoft“. Куќиштето е пластично со светли бои.

lumia mic1

Телефонот има 4-core процесор „Qualcomm Snapdragon 200“, 1GB RAM меморија и 5-инчен екран. Резолуцијата на екранот е 960х540 пиксели. На предниот панел има и 5 МР камера со широкоаголен објектив. Додека камерата на задната страна исто е од 5 МР. Вградената меморија во овој смартфон е 8GB.

Lumia 535“ ќе се предлага и во верзија со две „SIM“ картички. Освен тоа има и слот за „microSD“ картички со капацитет до 128GB. Оперативниот систем е „Windows Phone 8.1“ со најновата надградба „Lumia Denim“. Од вградениот софтвер во овој телефон да се најдат „Skype“, „OneNote“, „Office“, „OneDrive“, гласовниот асистент „Cortana“ и друго.

lumia mic2

Уредот ќе чини околу 110 евра, во зависност од операторот и даноците во соодветната земја. Продажбата ќе започне уште овој месец во Азија, Африка и на Блискиот Исток и постепено ќе се насочи и кон останатите региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП