9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја советува Хрватска да отпушта

ММФ ја советува Хрватска да отпушта

hrvatska

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ја посети Хрватска и притоа заклучи, дека оваа земја е во се поголеми проблеми. Па така ММФ ги повикува на спроведување на фискална консолидација и имплементација на структурни реформи.

Во превод, ММФ, од хрватската влада бара намалување на трошоците за пензии и здраство, како и измена во Законот за работа, кој на работодавците ќе им даде одврзани раце, односно ќе им го олесни отпуштањето на работниците.

„Планираните измени во Законот за работа се насочени кон функционирањето на пазарот на трудот, но може да бидат и поамбициозни, вклучувајќи и отпуштање на вработени поради слабите резултати“, е ставот на ММФ.

Исто така Хрватска беше предупредена дека мора да го намали дефицитот во интерес на фискалната консолидација. Моменталните прашања за јавниот долг не се одржливи.

Не постои раст без приватизација

Според ММФ мора да се направат намалувања се со цел да се создаде поповолна клима за инвестирање. Ставот на ММФ е дека само приватните инвеститори можат да го гарантираат зајакнувањето на хрватската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП