19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ја предупреди Америка

Fitch ја предупреди Америка

fic1

Американската рејтинг агенција „Fitch“ ги предупреди Соединетите Американски Држави дека борбата околу владиниот буџет и мерките за намалувањето на дефицитот би можеле да предизвикаат губење на врвниот кредитен рејтинг.

Бидејќи американската влада ја делат само два дена од автоматското намалување на буџетот, „Fitch“ посочи дека политичкиот ќор-сокак може да ја намали довербата во најголемата светска економија.

Таа агенција наведува дека после петок, односно откако ќе стапи на сила автоматското намалување од 85 милијарди долари, ќе следи борба околу шест-месечниот буџет, кој би требало да биде усвоен до 31 март, или во спротивно владата ќе банкротира.

Набргу потоа, односно на 19 мај, земјата ќе го достигне својот лимит за долг кој е пропишан со Уставот.

„Спроведувањето на автоматското намалување на потрошувачката, нема да го поттикне намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата“, се вели во соопштението на „Fitch“.

„Но, таквиот исход може дополнително да ја наруши довербата во постигнувањето на договор за дополнителните мерки за намалување на дефицитот, кои се неопходни за на САД да му го обезбедат кредитниот рејтинг ААА“, додаваат од „Fitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП