18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон и Брисел постигнаа согласност околу „екстра барањето“ за буџетот на ЕУ

Лондон и Брисел постигнаа согласност околу „екстра барањето“ за буџетот на ЕУ

Money_121

Владата во Лондон и ЕУ се согласија за компромисно решение, околу барањето на Брисел, Велика Британија до 1 декември да уплати дополнителни 2,1 милијарда евра (околу 1,7 милијарди фунти) за заедничкиот буџет на Унијата, соопшти британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

На денешниот состанок на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, што се одржа во Брисел договорено е износот што треба да се плати во следните три недели да се преполови, а британската влада другиот дел ќе може да го уплати на два пати, без камата, до септември 2015 година.

Тоа значи дека Велика Британија до 1 декември ќе треба да плати 850 милиони фунти (1,05 милијарди евра) што се оценува како „добра зделка“ за британската влада, особено што другиот дел ќе може да се плаќа дури по парламентарните избори во Велика Британија во 2015 година, кога во земјата би можело да има и друга влада.

„Ова е успех за Велика Британија затоа што постигнавме повеќе од она што пред министерскиот состанок се надевавме дека може да го добиеме“, изјави министерот Озборн.

Согласноста за одложено плаќање на британските обврски кон буџетот на ЕУ, доаѓа по заканаите што една на друга си ги даваа Лондон и Брисел.

Премиерот Дејвид Камерон порача дека Британија „никому и ништо нема да му плати на 1 декември „ а од Брисел одговорија дека доколку Британците не платат ќе се соочат со санкции.

Оваа најнова расправија со ЕУ предизвика нова силна анти-ЕУ реторика во британските евроскпетични медиуми,кои барањето од Брисел го означија како „последната капка„ во преполнетата чаша на британското нездоволство од Унијата.

Од ЕУ меѓутоа објаснуваат дека целата врева е подигната за потребите во домашната политика во Британија и за да се неутрализира подемот на антиевропската британска партија УКИП.

Според Брисел „екстае долгот“ на Лондон е последица на ребалансот на буџетот на ЕУ, што се прави секоја година,како и затоа што сега, за разлика од почетокот на годината, британската економија е многу посилна, а домашниот БНП е зголемен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП