1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил се бори со инфлацијата

Бразил се бори со инфлацијата

brazil1

Бразил ќе го надмине проблемот со нискиот економски раст и високата инфлација, изјави бразилскиот министер за финансии Гвидо Мантега.

„Сценариото на висока инфлација и нискиот економски раст ќе помине“, рече Мантега.

Шестата најголема светска економија во 2012 година доживеа забавување на економијата втора година по ред, додека инфлацијата во јануари се зголеми за 0,86 проценти, на 6,15, што е најголемото ниво од 2003 година.

Пазарните аналитичари предвидуваат дека бруто домашниот производ на Бразил се зголемил за незначаен еден процент во 2012 година, по растот од 2,7 проценти во 2011 година и неверојатните 7,5 проценти во 2010 година.

Официјалните податоци за БДП за минатата година би требало да бидат објавени на крајот на неделата. Во меѓувреме, инфлацијата во 2012 година се зголеми на 5,84 проценти, што е значително над посакуваната цел од 4,5 проценти, но и понатака останува горната граница од 6,5 проценти.

Мантега, сепак, посочи дека постојат знаци на закрепнување на економијата во оваа земја. „Економскиот раст заживеа од втората половина од минатата година, а инфлацијата го забави своето темпо“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП