5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Amazon не се откажуваат по неуспехот на Fire Phone

Во Amazon не се откажуваат по неуспехот на Fire Phone

fire amazon

Првиот смартфон на „Amazon“ – „Fire Phone“ се покажа како вистинско промашување. Од компанијата тврдат дека се уште не е подготвена да се откаже од создавањето на нови верзии на овој уред.

Претседателот на уредите во „Amazon Evropa“, Јорит ван дер Меулен, тврди дека неуспехот на „Fire Phone“ незначи дека во иднина нема да видиме слични уреди.

„При согледувањето на целата ситуација во врска со „Fire Phone“, многу научивме. Не сме потресени, но ние не сме имуни на критики“.

Меулен изјави дека другиот „Fire Phone“ можеби во целост ќе биде поразличен од оргиналот.

„Ние дефинитивно читаме се што имаат напишно нашите муштерии и новинарите, па ги разгледуваме белешките. Вториот чекор би можел да биде поразличен од првиот“.

По лансирањето на „Fire Phone“, „Amazon“ забележа загуба од 83 милиони долари во непродадените уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП