17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung подготвува 4K екран за Note 5?

Samsung подготвува 4K екран за Note 5?

Silicon Valley Upheaval

Ако може да им се верува на гласиние, „Note 5“ ќе има „4K“ дисплеј со ултра висока резолуција кога следната година ќе се појави на пазарот.

Најновите информации тврдат дека „Samsung“ ќе започне со масовно производство на 5.9-инчниот „Ultra HD Super AMOLED“ екран во август следната година, што значи дека тој би можел да биде подготвен за претставување на „Note 5“.

Изворот кој ја објави оваа приказна се уште не е проверен, но и самата компанија најави дека ќе стартува со употреба на „4K AMOLED“ екрани за своите уреди во 2015-та.

„4K“ резолуцијата, исто така позната како и ултра висока резолуција или „UHD“, има неверојатни 2.160 x 3.840 пиксели. Поставувањето на таа резолуција внатре во 5.9-инчниот екран резултира со густина од 746 пиксели по инч.

Колку е поголема густината на пикселите, толку е подобар квалитетот на сликите. Само за споредба, „iPhone 6“ поседува 326 пиксели по инч.

„Samsung“ не е единствената компанија која размислува за „4K“ екраните за своите телефони. „LG“ неодамна најави екрани со 600 и 700 пиксели по инч, а најверојатно и „Sharp“ работи на „4K“ мобилни екрани.

Меѓутоа, пред доаѓањето на овие екрани, производителите ќе мораат да излезат на крај со одредени проблеми. Напојувањето на „4K“ екранот ја троши батеријата, така да телефонот ќе мора да има значително поголема батерија, за овие дисплеи да можат да се користат, а ќе биде потребно да се редизајнираат и апликациите со цел подобро да работат во оваа резолуција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП