4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на невработени во Франција

Зголемен бројот на невработени во Франција

20130227-193309.jpg

Стапката на невработеност во Франција продолжува да расте. Во јануари бројот на невработени се зголеми за уште 43.900 невработени, со што нивниот број достигна 3,16 милиони, близок до рекордот од 1997 година кога работа бараат 3,19 милиони лица, јави дописникот на МИА од Франција.

Според податоците на Центарот за вработување, ако се вклучат и лицата кои имаат ограничена работна активност, вкупниот број на невработени изнесува 4.680.200 луѓе.

Француската влада, преку министерот за труд Мишел Сапан, верува дека тенденцијата на невработеноста ќе доживее пресврт кон крајот на годината, кога се очекува почеток на намалување на невработеноста, како што вети претседателот Франсоа Оланд при неговата новогодишна честитка до Французите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП