1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗлатниот Apple Watch ќе чини 5 илјади долари?

Златниот Apple Watch ќе чини 5 илјади долари?

ap watchs e

Иако „Apple“ објави дека основниот модел на новиот паметен часовник ќе чини 350 долари, компанијата молчи за цените на останатите модели.

Според новите информации, се претпоставува дека верзијата од нерѓосувачки челик ќе чини од 500 долари нагоре, а златната – меѓу 4 и 5 илјади долари, пишува „Gizmodo“.

Информациите доаѓаат од внатрешни извори во „Apple“ преку францускиот веб „iGen.fr“. Според „MacRumors“ досега оваа интернет страна обезбедува веродостојни информации, вклучувајќи ги и точните димензии на „iPhone 6“ и „6 Plus“.

Се проценува дека цената од 350 долари се однесува на алуминиумскиот часовник на моделот. Во таква ситуација сумата од 500 долари изгледа сосема можна за верзијата од нерѓосувачки челик.

Цената на златниот модел, се разбира, ќе зависи од тоа колку злато има во него, но со износот од 4 до 5 илјади долари, сигурно ќе го пренесе во сегментот на луксузни стоки.

Исто така изворите на „iGen.fr“ тврдат дека „Apple“ сака да го пушти часовникот колку што може порано на пазарот, иако според други гласини дебито на новиот производ ќе биде дури во пролетта на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП