5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика се обидува да го среди долгот, но без штета

Америка се обидува да го среди долгот, но без штета

amerika

Доколку Белата Куќа и американскиот Конгрес до петок не постигнат договор, автоматското скратување ќе го намали буџетот за 85 милијарди долари до 30-ти септември.

Намалување во војниот буџет, бенифициите за невработените и други програми, би можеле да ја успорат веќе слабата економија на САД.

Меѓутоа, економистите тврдат дека постои и друг излез, како и тоа дека намалувањето на федералниот долг немора да значи нанесување на економска штета.

Економистите сметаат дека законодавците мораат да ги заострат намалувањата додека економијата не се засили. Но и дека мораат што поскоро да излезат со реалистичен долгорочен план за решавање на проблемите со долговите. Тој би требал да донесе зголемени приходи и промовирање на економската ефикасност по пат на затворање на даночните јазови.

Годишниот дефицит на САД надмина 1000 милијарди долари во изминативе четири години, а федералниот долг дојде до бројката од 11.7 билиони долари.

Двете бројки се многу лоши за Америка и доколку ништо не биде направено во врска со тоа прашање, долгот ќе се зголеми на 19.9 билиони долари до 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП