23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе појавија информации за Galaxy S6

Се појавија информации за Galaxy S6

s6 galaxy sam

Иако „Samsung Galaxy S5“ мина многу добро, јужнокорејскиот гигант во последно време се бори со падот на профитот. Со цел да го спречат, „Samsung“ одлучи својот премиум модел, „Galaxy S6“ да го направи од нула. Засега се знае дека работата на овој уред се нарекува „Project Zero“, а сега на интернет се појавија информации за можните спецификации на новиот смартфон на „Samsung“.

Јужнокојрескиот гигант вообичаено новиот „Galaxy S“ уред го претставува на почетокот на годинатa, поточно во февруари или март. Веројатно така ќе биде и овојпат, а популарната интернет страна „SамМоbile“ тврди дека има конкретни детали околу „S6“ моделот.

Според нивните тврдења, овојпат можеме да очекуваме два различни „Galaxy S6“ модели. Едениот ќе има 64-битен „Snapdragon 810“ процесор, додека другиот ќе има „Ехynos 7420“ просцесор со осум јадра, кој исто така е направен во 64-битна архитектура. Големината на екраните се уште не е позната, но можеме да очекуваме дека ќе биде во „Quad HD“ (1440х2560) резолуција.

Кога станува збор за камерата, таа ќе има или 16 мегапиксели, или 21MP „Sony Еxmor RS IМХ240“ сензор со оптичка стабилизација на сликата. Предната камера ќе има пет мегапиксели и ќе биде во рангот на онаа која ја имаат телефоните од серијата „Galaxy А“.

„Samsung Galaxy S6“ ќе пристигне со три различни големини на меморија за складирање на податоци: 32GB, 64GB и 128GB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП