24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВан Ромпеј: Најлошото е зад нас

Ван Ромпеј: Најлошото е зад нас

herman1

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј ја опиша 2012 година како пресвртна точка за кризата која владееше во еврозоната.

Тој ги повика членките на монетарната унија да продолжат со работата за формирање на банкарска унија.

„Минатата година беше пресвртна точка за кризата во еврозоната“, изјави Ван Ромпеј, за време на официјалната посета на Будимпешта.

„Се надеваме дека најлошото е зад нас“, додаде тој.

Земјите од еврозоната мора да работат на банкарската унија, која ќе допринесе за одржлив економски раст и зголемување на вработувањата, изјави претседателот на Европскиот совет.

„Отварањето на нови работни места е најдобрата стратегија за доброто на граѓаните од европските земји“, вели Ван Ромпеј.

Неодамнешниот договор за буџетот на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година е важен за Европската унија, чии членки покажаа одговорност во прилагодувањето на националните интереси со интересите на Унијата. Сега време е Европскиот парламент да го потврди тој успех, наведува Ван Ромпеј.

Парламентот допрва треба да даде зелено светло за буџетот кој европските лидери го договорија во Брисел на 7 и 8 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП