„Google“ и „LG“ склучија договор кој им овозможува да користат голем дел од нивните патентите. Договорот важи за целиот свет и има рок од 10 години, соопштува „LG“.
Во него се вклучени и идните патенти кои ќе бидат регистрирани во овој период. Патентите вклучуваат широк спектар на уреди и технологии.
Работејќи заедно, компаниите ќе можат да развиваат подобри производи и услуги, вели Ален Ло, еден од советниците на „Google“ за патентните активности.
„LG“ станува втор голем технолошки производител кој склучува слична зделка со „Google“. „Samsung“ исто така има 10-годишен договор со Интернет гигантот за размена на патенти.
Договорите ја следат филозофијата на компаниите, дека патентните спорови ги запираат иновациите и го попречуваат развојот на нови производи. Тие претпочитаат да склучуваат слични договори, отколку да губат време и средства во тужби.