1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроневерила 200 милиони долари

Проневерила 200 милиони долари

elba-esther-gordillo

Мексикаските власти ја уапсиле претседателката на најголемиот синдикат во оваа земја, поради сомневање дека проневерила милиони долари со кои си овозможила луксузен живот, пластични операции и купување на недвижности.

Елба Естер Гордилјо, која веќе две децении го води националниот синдикат на учители, беше вчера уапсена на аеродромот во Мексико Сити.

Истрагата покажа дека таа проневерила повеќе од 2.6 милијарди пезоси (200 милиони долари) од синдикалните фондови и ги префрлила на приватните сметки во банки во странство.

Од 1989-та година Гордилјо е на челото на најголемиот синдикат во Латинска Америка со дури 1.5 милиони членови, а таа сите пари ги потрошила на себе и во недвижности. За пластични операции издвоила 17.000 долари, а пак куќата и зградата во Сан Диего ги платила повеќе од два милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП