29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInternet Explorer e најпопуларен прелистувач во светот

Internet Explorer e најпопуларен прелистувач во светот

browser 2

Според најновите податоци од истражувањето на компанијата „Net Applications“, „Microsoft“ – „Internet Explorer“ и натаму е водечки интернет прелистувач во светот.

Сите верзии на „Internet Explorer“ меѓу корисниците имаат застапеност од 58,49%. На второ место е „Google Chrome“ со застапеност од 21,25%, додека трет е „Mozilla Firefox“ со 13,91%.

Потоа следи „Safari“ на „Apple“ со застапеност од 5,10%, на петто место е „Opera“ со 0,83% додека шестото место го заземаат сите други интернет прелистувачи со застапеност од 0,42%.

Што се однесува до поединечните верзии на веб-прелистувачи, моментално најпопуларен е „Internet Explorer 11“ со удел од 24,05%, што значи дека досега најпопуларниот „Internet Explorer 8“ падна на второто место, па сега има удел од 17,31%.

Кога станува збор за „Chrome“, најновиот „Chrome 38“ има удел од 6,35%, по што следи нешто постариот „Chrome 37“ со 6,30%, додека сите стари верзии на „Chrome“ заедно имаат удел од 8,20% меѓу корисниците.

Најновата верзија на „Mozilla Firefox“ со ознаката „33“ веќе има удел од 2,19% иако стана достапна дури во среднината на октомври. Постариот „Firefox 32“ држи удел од 7,61%, додека сите останати верзии на „Firefox“ заедно имаат удел од 4,11%.

Сите објавени податоци компанијата „Net Application“ ги има собрано во периодот од септември до октомври следејќи околу 40.000 различни интернет страни на своите клиенти, т.е. 160 милиони единствени посетители на тие страници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП