2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft претстави паметна нараквица (видео)

Microsoft претстави паметна нараквица (видео)

band microsoft

Kомпанијата „Microsoft“ се вклучи во трката со другите компании на полето на паметни нараквици со уредот наречен „Band“.

Ова е прв таков уред од „Microsoft“ и доаѓа со три различни големини и има две хардверски копчиња. На „Band“ доминира „LCD“ дисплеј на кој се покажуваат основните информации, како времето и датумот. Дисплејот е поставен од внатрешната страна, што е разлика во однос на другите вакви уреди.

Покрај тоа на него можат да се следат сите фитнес податоци, како направените чекори, изминатото растојание, работата на срцето и потрошените калории.

Нормално, кога уредот ќе се поврзе со телефон, нуди и нотификации од „e-mail“ сервисите и друштвените мрежи. На себе има вграден „GPS“ за следење на корисникот, а тој може да се исклучи по желба.

Овој уред може да се синхронизира по пат на посебна апликација и да се следи целата историја на вежбање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП