2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch ќе излезе на пазарот малку подоцна од очекуваното

Apple Watch ќе излезе на пазарот малку подоцна од очекуваното

ap watch e4

„Apple Watch“ ќе излезе најрано напролет следната година. Доцнењето ќе е со неколку месеци во однос на првичните очекувања дека уредот ќе се појави на пазарот во почетокот на 2015-та година, објави онлајн изданието „9to5Mac“.

Кога „Apple“ го претстави часовникот во септември, компанијата не даде конкретен датум за почеток на продажбата. Таа објави само дека тоа ќе се случи во почетокот на 2015-та година, што од многумина беше прифатено дека тоа ќе биде во јануари или најдоцна февруари. Според Анџела Арендц, која е постар потпретседател на продавницата на „Apple“, часовникот ќе се појави во текот на пролетта.

Првичните желби на компанијата биле часовникот да е подготвен за св. Валентин, но најреалните предвидувања се дека тоа ќе се случи во март или најдоцна април.

Како главна причина за доцнењето се сметаат проблеми со батеријата на уредот. Желбите на компанијата се „Apple Watch“ да издржи минимум еден ден релаксирачка работа и да се полни секоја вечер. Истовремено се работи и на можноста уредот да се полни побрзо.

Компанијата веќе започна со планирањето и на маркетинг стратегијата за часовникот, како и тоа тој да бидат претставуван во продавниците. Идејата е искуството да биде слично како кај купување на класичен рачен часовник. Вработените ќе им помагаат на купувачите при ставањето на уредот на раката, ќе им предлагаат различни дизајни и каишки. Клиентите ќе имаат можност да го пробаат пред да го купат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП