28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДекемвриската просечна нето плата изнесува 21.469 денари

Декемвриската просечна нето плата изнесува 21.469 денари

neto-prosecna

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2012 година изнесува 21.469 денари и е за 0,3 отсто поголема во споредба со декември 2011 година, а износот на бруто платата е 31.466 денари или за 0,4 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2011.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето платата се должи на поголемите исплатени плати во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 4 отсто, Информации и комуникации 3,8 и Дејности на здравствена и социјална заштита 3,5 отсто, а кај бруто платата во секторите Информации и комуникации за 4,4 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство 4,2 и Дејности на здравствена и социјална заштита 3,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на ноември 2012, е забележано во секторите Информации и комуникации од 45,8 отсто, Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли 7,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 6,5 отсто. Кај бруто платата зголемување е забележано во секторите Информации и комуникации за 41,9 отсто, Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли 8,1 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 6,6 отсто.

Во декември 2012 година 2,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП