3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат Samsung Galaxy A5 и Galaxy A3

Пристигнуваат Samsung Galaxy A5 и Galaxy A3

a 5 galaxy

„Samsung“ ги претстави своите два нови паметни телефони кои се дел до средната класа на уреди.

Двата модели, „Galaxy A3“ и „Galaxy A5“, имаат метално „unibody“ куќиште, чија дебелина изнесува 6,9 милиметри (кај A3 моделот), oдносно 6,7 милиметри (во случајот со „A5“). Уредите главно се наменети за корисниците кои сакаат да ги прават популарните „selfie“ фотографии, па нивната предна камера е од 5 мегапиксели, т.е. доаѓа со неколку различни предефинирани начини на работа како што се „Wide Selfie“, „Animated GIF“, „Beauty Face“ и „Palm Selfie“.

Исто така, двата модели имаат поддршка за „LTE Category 4“, што значи дека поддржуваат брзина до 150 Mb/s.

„Galaxy A5“ покрај наведеното има и „Super AMOLED“ со екран од 5 инчи и 720p резолуција. Внтаре во уредот се наоѓа неименуван процесор со четири јадра кој работи на такт од 1,2 GHz, 2 GB работна меморија и батерија со моќ од 2300 mAh. Покрај споменатата предна камера, „A5“ има и задна од 13 мегапикесли со автофокус и „LED“ блиц.

a 5 galaxy1

Нешто помалиот „Galaxy A3“ има „Super AMOLED“ екран од 4.5 инчи и „qHD“ резолуција, исто така неименува процесор со четири јадра, како и во случајот со моделот „A5“, 1 GB работна меморија, задна камера од 8 мегапиксели и батерија од 1900 mAh.

Двата уреди го користат оперативниот систем „Android 4.4 KitKat“, т.е. имаат на располагање 16 GB слободен простор за чување на податоци, кој може да се прошири со „microSD“ каритчка.

Уредите најпрво ќе се појават во продажба во Кина во текот на ноември, а потоа и на останатите пазари, но засега не е позната цената.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП