26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДали би платиле 20 долари за една коцка лед?

Дали би платиле 20 долари за една коцка лед?

luksuz-fancy-delicious-led-99

Вашингтон е сега вистински пазар за скапоцен и луксузен лед…

Овде можеби ќе ја пронајдете најскапата коцка лед, но сепак ќе мора да ја платите. Уметнички сечениот лед кој се става во пијалоците, сега во овој регион станува вистински хит. Ресторанот кој е наречен „Second State“ една рачно изработена коцка лед ја наплатува еден долар, доколку ја нарачете со виски, а доколку ја нарачате со котел, коцката лед може да ве чини 20 долари.

luksuz-fancy-delicious-led (4)

„Second State“ ресторанот својот лед го купува од „Favorite Ice“ компанијата, која рачно го сече ледот за околу 30 ресторани и кетеринг компании во Вашингтон. Тие на своите клиенти им продаваат прекрасно и уметнички, рачно исечени коцки лед, кои се направени од најчистата води и кои бавно се топат.

luksuz-fancy-delicious-led (1)

Џо Емброуз, сопственик на „Favorite Ice“ компанијата, вели дека голем број на барови и ресторани се одлучиле да го набавуваат овој луксузен лед, со цел да ги оправдаат високите цени на своите пијалоци. Како што вели тој, проблемот со малите коцки лед е тоа што за десетина минути пијалокот ви е разводенет и повеќе го нема првичниот вкус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП