2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ5 совети како да го исчистите екранот на смартфонот и таблетот (видео)

5 совети како да го исчистите екранот на смартфонот и таблетот (видео)

cistenje ured

Екраните чувствителни на допир не се чистат со вода, хемиски или природни средства, а дури и обичното хартиено марамче може да биде прегрубо и да ги оштети.

По екраните постојано „чепкате“ со прстите, па поради тоа треба да знаете како поефективно да ги исчистите:

1. Исклучете го уредот.

Уредот пред чистење би требало да биде исклучен од полнач и исклучете го. Доколку користите било каква влажна крпа, треба да ја отстраните батеријата.

2. Не користете течности.

Јасно е дека кај чистењето на мобилниот и таблетот не смееме да користиме вода, но важно е да се знае дека не е пожелно да се користи било какво средство, па дури и ниту оние кои се наменети за чистење на електронски уреди или „LCD“ екрани.

3. Користете крпа.

За чистење на екранот потребано е да се користи крпа од микрофибер или оние кои се наменети за бришење на очила. Единствено тие се доволно благи, а екранот можат да го оштетат дури и хартиените марамчиња, особено пешкирите или крпите кои се користат во кујна.

4. Не чепкајте секаде.

Се советува да не чепкате во „USB“ влезовите и останатите отвори на мобилните уреди, затоа што нив може да ги оштетат и чепкалки за уши. Доколку Ви пречи прашињата, само издувајте ја.

5. Почекајте со вклучувањето.

По чистењето на уредот, особено ако е користена влажна крпа, треба да се почека десетина минути, па дури тогаш повторно да се вклучи уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП