3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата ги пресуши кредитите во еврозоната

Кризата ги пресуши кредитите во еврозоната

evro1

Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната повторно се намалени во јануари, бидејќи долготрајната должничка криза во регионот ја пригуши побарувачката на кредити.

Кредитите за приватниот сектор во јануари се намалени за 0,9 проценти на годишно ниво, откако во декември се намалија за 0,7 проценти, наведе Европската централна банка (ЕЦБ).

ЕЦБ веќе долго време тврди дека падот на кредитите за приватниот сектор ја одразува слабата побарувачка за кредити, а не строгите услови за кредитирање, поради песимистичките економски предвидувања во еврозоната.

Банката, исто така, објави податоци за обемот на пари во оптек, наведувајќи дека паричната маса во минатиот месец била зголемена.

Индикаторот М3 во јануари се зголеми за 3,5 проценти, во споредба со 3,4 проценти кои беа забележани во декември. ЕЦБ смета дека М3 е главниот показател на инфлациските притисоци и таа го користи при утврдувањето на висината на каматната стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП