10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкот го принуди на штедење Air France-KLM

Штрајкот го принуди на штедење Air France-KLM

transavia klm

Француско-холандската авиокомпанија „Air France-KLM“ планира да ги намали инвестициите како и да го прошири штедењето во наредната година со цел да ги ублажи последиците од штрајкот на пилотите.

Оперативната добивка на компанијата во третиот квартал е намалена за 394 милиони евра на 247 милиони, пренесува весникот Фигаро.

Приходите на „Air France-KLM“ во третиот квартал оваа година се намалени за 6,7 проценти на 6,7 милијарди евра.

Двенеделниот штрајк на пилотите на „Air France-KLM“, кои штрајкуваа поради планираното проширување на работењето на нискобуџетната филијала „Transavia“ многу лошо влијаеа на приходите во третиот квартал кои се намалени за 416 милиони евра, а оперативниот профит за 300 милиони евра.

Поради последиците од штрајкот на пилотите но и падот на побарувачката, очекуваниот пад на профитот со исклучок на каматата, даноците и амортизацијата во четвртиот квартал изнесува 500 милиони евра.

„Air France-KLM“, како и најзиниот главен конкурент, германската компанија „Lufthansa“, сака да го прошири работењето во сегментот на дисконтни услуги како и да ги намали трошоците со цел полесно да се соочи со конкуренцијата од нискобуџетните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП