4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги контролира богатите на Фејсбук

САД ги контролира богатите на Фејсбук

bogati1

Секој пат кога некој американец ќе се пофали на Твитер или Фејсбук дека купил нов автомобил или стан, може да очекува даночните инспектори да му тропнат на врата. И нормално да проверат дали за тоа задоволство е платен данокот.

Ние во Македонија, можеме да се фалиме на социјалните мрежи колку што сакаме, бидејќи кај нас даночната управа не работи на овој начин.

Македонија во таа смисла е многу далеку од Америка и таквиот систем за контрола е премногу напреден за нас, ние немаме ниво на опременост ниту пак луѓе кои би го контролирале тоа.

Што конторлираат даночните инспектори во САД?

1.Фејсбук и Твитер – оној кој ќе објави дека му „цвета“ работата е мета на вонредна контрола

2.Најмалата грешка во пријавата за приходи – американскиот софтвер овозможува да се прати секој приход кој е пријавен под одреден матичен број. Секоја, грешка, дури и најмалата, ги алармира даночиците.

3. И хобито се оданочува – личностите мораат да потврдат дека одгледувањето на коњи, не го избрале со намера да остварат приход. Во спротивно, следи посетата од даночниот инспектор.

„Пред 15 дена им обезбедивме можност на граѓаните преку Твитер и Фејсбук да поставуваат прашања кои се поврзани со даноците. Тие на тој начин можат и да пријават некое лице за кое мислат дека затаило данок“, наведуваат од американската даночна управа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП