2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е монетата со најмала вредност

Ова е монетата со најмала вредност

penny1

Канадската метална монета од едно пени беше повлечена од употреба во февруари, бидејќи нејзината вредност е помала од висината на трошоците за нејзиното производство.

Канадското пени вреди помалку од еден евро цент, а трошоците за неговото производство достигнуваат 1,6 евроценти

Како што пренесува BBC , канадското пени не е единствената монета чие производство е непрофитабилно.

САД во 1857 година се откажа од производството на монетата од 50 центи, чија вредност беше 0,005 долари. Велика Британија во 1984 година повлече од употреба половина пени.

Нов Зеланд и Австралија во 1990 година ги повлекоа од употреба монетите од еден и два центи.

Во САД и Велика Британија аналитичарите сметаат дека употребата на монетата од еден цент, односно едно пени, е непотребна и дека тие треба да се укинат што е можно побрзо.

„Производството на безвредни монети е на товар на граѓаните. Пенито и центот се жетони без вредност“, објасни за BBC  американскиот економист и банкар, Франсоа Велд.

Најмала вредност во светот има узбекистанскиот тијин, еден амрикански цент вреди 1999 тијина. Исто така, еден американски цент вреди 855 бурмански пиа. Тие монети се толку мали што тешко е да ги пронајдете, тие сеуште се во употреба бидејќи луѓето се емотивно поврзани со нив.

Во Танзанија, монетата од пет центи со вредност во нивната валута вреди колку еден амрикански цент, но бидејќи за нејзината вредност не можете да купите ништо, таа не се користи.

Според францускиот весник Фигаро, Австралија ја поседува највредната монета во светот која е направена од злато и нејзината вредност изнесува 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП