6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Рејтингот на Австралија е безбеден

S&P: Рејтингот на Австралија е безбеден

rejting1

Врвниот кредитен рејтинг на Австралија е безбеден, и покрај растот на долговите на домаќинствата и прекумерната зависност на банките од странските средства, соопштува „S&P“.

Оваа рејтинг агенција наведува дека економската еластичност на Австралија, која ја избегна рецесија во текот на глобалната финансиска криза, не е само прашање на среќа и изобилство од минерали и енергија.

Иако рударскиот сектор значително придонесува за австралиската економија, „S&P“ наведува дека таа земја има значителни економски основи кои се од корист за врвниот кредитен рејтинг, а тие вклучуваат силна и отворена економија, стабилни институции и ниско ниво на јавен долг.

Агенцијата, сепак, предупредува дека и на Австралија и се закануваат некои ризици, вклучувајќи го остриот пад на трговската размена со важниот партнер Кина и промената на расположението на странските инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП