26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJP Morgan Chase отпушта 4000 вработени

JP Morgan Chase отпушта 4000 вработени

morgan

Американската банка „JP Morgan Chase“ денеска соопшти дека има во план да укине од 3000 до 4000 работни места во оваа година, и тоа како дел од програмата за намалување на трошоците.

„Ова намалување на бројот на работните места, претставува 1.5 проценти од вкупниот број на вработени“, беше прецизирано во соопштението.

Со овој чекор, во 2013-та година би се намалиле трошоците на банката за 59 милијарди долари. Заработувачката на „JP Morgan Chase“ во 2012-та година изнесуваше 21.3 милијарди долари, додека во 2011-та само 19 милијарди долари.

Во текот на 2012-та година во банката работеа 258.965 луѓе, и покрај финансиската криза, тој број беше зголемен во второто тромесечије од таа година. Во споредба со првиот квартал од 2009-та година тие имале 219.569 вработени.

Банката ја зголеми својата работна мрежа, додека конкурентите го чинеа спротивното. Тие во 2012-та година имаат 5.614 филијали, и со тоа го држат второто место во САД.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП