28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија во борба против рецесијата

Унгарија во борба против рецесијата

ungarija2

Унгарската национална банка ја намали каматната стапка за 0,25 проценти, на 5,25 проценти.

Централната банка на Унгарија ја намали основната каматна стапка седми месец по ред, со цел да се избори со рецесијата, која во земјата е присутна од четвртиот квартал во 2012 година.

Меѓутоа, и гувернерот Андраш Симор и неговите двајца заменици се против понатамошното ублажување на монетарната политика, бидејќи инфлацијата во земјата е над целното ниво од три проценти, пренесува Финмаркет.

Бруто домашниот производ (БДП) на Унгарија во периодот од октомври до крајот на декември е намален за 2,7 проценти на годишно ниво, што е најоштриот пад во последните три години.

Мандатот на сегашниот гувернер Андраш Симор истекува за неколку дена. Спорд изјавите на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, новиот гувернер должноста би требало да ја превземе во понеделник, а неговото име ќе биде познато во петок.

Се повеќе се говори за можноста на негово место да дојде актуелниот министер за економија, Ѓерѓ Метолчи.

Аналитичарите очекуваат понатамошно намалување на референтната каматна стапка на пет проценти, а со промената на раководството на централната банка очекуваат дека намалувањето ќе ја премине и оваа граница од пет проценти.

Централните банки на земјите во Источна Европа продолжуваат со политиката на ниски каматни стапки. Полска во почетокот на февруари ја намали референтната каматна стапка четврти месец по ред, на 3,75 проценти, а Чешка од ноември има минимална каматна стапка од 0,05 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП