3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банките од Македонија и Србија во поддршка на локалните бизниси

ПроКредит Банките од Македонија и Србија во поддршка на локалните бизниси

aza

Минатата недела во Ниш, Србија  се одржа третата регионална средба помеѓу бизниси од Македонија и Србија. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од  Македонија и Србија за поддршка на локалните бизниси.

На истиот присуствуваа околу 60 мали и средни претпријатија од двете земји кои се занимаваат со производство, преработка на прехрамбени производи, но и комплементарни бизниси како супермаркети, производители на амбалажа за пакување, производители на  машини за пакување и сл.

aza

 

Преку оваа средба ПроКредит Банките од Македонија и Србија им дадоа на своите клиенти  можност да ги промовираат своите производи пред потенцијалните бизнис партнери од регионот.

На настанот имаше и изложба на која присутните бизниси имаа простор да претстават  дел од својата палета на прозиводи, да постават каталози и поделат визит карти на потенцијалните соработници.

cvc

ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финансиска поддршка,  инвестира во нивна промоција и развој. ПроКредит Банка ќе продолжи да органира вакви настани за поврзување на своите бизнис клиентите со соодветни партнери од сестринските банки од Балканот и Источна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП