Британска компанија објави фотографии од својот концепт на „авион без прозорци“.
Наместо прозорци, патниците ќе гледаат во големи екрани кои ќе го прикажуваат тоа што го опкружува авионот.
„CPI“ е компанија која се наоѓа на североистокот на Англија и која верува дека оваа идеа ќе ги направи класичните авиони застарени.
Овие летала би требало да бидат многу полесни, а поради тоа што авиокомпаниите се борат за заштеда на пари и гориво, цената е една од нивните најголеми предности. Полесниот авион троши помалку гориво и има помала емисија на јаглерод диоксид, што е важно и за животната средина.
Меѓутоа, внатрешноста на авионот би можела да се користи и за осветлување, фотографирање на самракот и изгревот на сонцето при долгите патувања.
Француска дизајнерска агенција ги објави првите цртежи на авион без прозорци во август – „Ixon Windowless Jet“.
Иако не постојат цврсти планови дека ќе се направи овој авион, поради фактот дека се поголем е бројот на компании кои сакаат да направат вакво летало, само е прашање на време кога тоа ќе се случи.
Компанијата „Spike Aerospace“ планира во сообраќај да пушти ваков авион кој ќе лета од Њујорк до Лондон во 2018-та година.
Иако многумина сакаат прозорци во авионите, експертите велат дека тие се покажале како бескорисни. Во случај на откажување на некој дел од авионот, ништо не се забележува додека не се погледне во сржта на проблемот, велат пилотите, а пишува „Russia Today“.