10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOва НИКАКО немојте да му правите на вашиот телефон!

Oва НИКАКО немојте да му правите на вашиот телефон!

smartphone249

Иако обичните и паметните телефони се тука со цел да ни го олеснат животот и ние мораме да се грижиме за нив, така што тие би можеле да работат за нас што подолго и поквалитетно.

Многумина се жалат на тоа дека батеријата им трае прекратко, како уредот сам се исклучува или е многу побавен откога бил нов. Иако количината на инсталирани апликации, слободната меморија и самиот хардвер имаат големо влијание на забавената работа, некогаш за проблемите во работата сме виновни и ние самите. „Huffington post“ состави листа на неколку грешки кои повеќето сопственици на паметните телефони ги прават секојдневно.

Време е да започнете да го исклучувате вашиот телефон.

Во некои временски интервали навистина би требало да го исклучите вашиот телефон или смартфон, затоа што во спротивно батеријата бргу ќе „умре“. Ако телефонот го користите наутро како аларм, слободно исклучете го, затоа што повеќето телефони можат да го активираат алармот и кога е исклучен.

Исклучете ги „Wi-Fi“ и „Bluetooth“.

Кога ви се вклучени „Bluetooth“ и „Wi-Fi“, a не ги користите, тие само трошат енергија. Додека секој ден одите на работа или шетате низ град, малку е веројатно дека често ќе користите една од овие две работи, па поради тоа исклучете ги и вклучете ги кога ќе ви бидат потребни.

Временските услови се непријател на телефонот.

Вашиот паметен или обичен телефон не е предвиден за работа на екстремни температури, може да ја испразнат и расипат батеријата или против ваша желба да го исклучат уредот. Не го користете смартфонот на премногу ниски или високи температури или барем носете го во торба или во внатрешниот џеб на јакната.

Не го полнете телефонот во текот на ноќта.

Полнењето на телефонот за време на ноќта е практично, но не и така добра идеа. Оставајќи го на полначот откако батеријата во целост ќе се наполни, може да ја оштети вашата батерија, поради тоа подобро е да го полните во текот на денот и да го исклучите од струја кога уредот ќе се наполни до крај.

Не користете било какви полначи.

Оргиналните полначи на телефони и смартфони се скапи, но се вредни за вложените пари. Полначите на другите производители во комбинација со вашиот уред може да предизвикаат прегревање на телефонот, па дури и до пожар и експлозија.

Чистете го телефонот од време на време.

Соочете се со фактот дека вашиот телефон е легло на бактерии! Истражувањето докажа дека даската од „WC“ и садот за храна на домашните миленици имаат на себе помалку бакетрии, на пример од „iPhone“. Од „Applе“ препорачуваат вашиот уред редовно да го чистите со мека крпа и неагресивен раствор за чистење и полирање. Можете да го избришете и со крпа, која претходно била натопена во малку алкохол. Истото важи и за другите видови на уреди.

Немојте да снимате вертикални видео записи.

Со ваквата постапка не му штетите на вашиот уред, ниту на вас, но ги нервирате сите останати кои сакаат да го гледаат тоа видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП