2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony подготвува таблет од 12 инчи?

Sony подготвува таблет од 12 инчи?

soni tab

Судејќи според изворите од Тајван, компанијата „Sony“ се подготвува да влезе на пазарот на ултра-големи таблети.

Доколку може да им се верува на гласините, „Sony“ се подготвува во 2015-та година да претстави 12-инчен таблет.

Со оглед на големината, можеме да претпоставиме дека компанијата ќе го опреми таблетот со екран со висока резолуција, како и со сериозен процесор и други врвни компоненти, со цел на корисниците да им обезбеди најдобри перформанси.

Меѓутоа, „Sony“ не очекува голема побарувачка за ваквиот уред, па така од производните погони ќе излезе одреден број од овој таблет.

Од друга страна, помалата серија би можело да биде индикација дека „Sony“ сака да го тестира апетитот на корисниците, кога станува збор за големите таблети, пред да одлучи дали овој сегмент е доволно профитабилен за да му се посвети на подолг временски период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП