3 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter го уништи, па го спаси Twitpic

Twitter го уништи, па го спаси Twitpic

twipic sa

Веќе во неколку наврати известувавме за тажната судбина на услугата „Twitpic“, кој поради заканите за тужба од страна на „Twitter“ за користење на заштитеното име, беше принудена да ја затвори својата врата.

Во меѓу време се појавија некои знаци дека сервисот би можел да биде продаден, но откако и тоа не беше реализирано, беше одлучено овој викенд да биде затворен.

Меѓутоа, во последен момент пристигна вестта за тоа дека „Twitpic“, сепак делумно е спасен, а неговиот (условно кажано) спасител е токму компанијата која ја започна и неговата пропаст – Twitter. Како што е објавено на самиот ден на гасењето на оваа услуга, двете компании постигнале договор според кој „Twitter“ ќе го превземе доменот и целата содржина која ја има на „Twitpic“, т.е. ќе го остави и натаму да биде „online“.

„Twitpic“ повеќе нема да прима нови корисници, апликациите ќе бидат повлечени, но на сите корисници ќе им биде овозможен пристап до фотографиите, како и нивното бришење или складирање на друго место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП