Граѓаните од денес ќе може да плаќаат со картички преку ПОС – терминали на шалтерите, при аплицирање за нови лични документи.
Со проектот се поедноставува постапката, а се крати и времето и трошоците за граѓаните.
Проектот е завршен, а денес ќе го промовираат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.