2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEK бара пари назад

EK бара пари назад

Belgium Nobel Peace

Европската комисија – ЕК побара од земјите-членки да вратат околу 400 милиони евра средства кои беа наменети за земјоделството, поради непочитување на регулативите на ЕУ.

Комисијата очекува дека ќе бидат вратени 393 милиони евра, додека најголемата сума од 117 милиони евра треба да ја врати Британија, пренесува агенцијата Франс Прес.

Комисијата посочи дека сретствата ги бара од 22 членки, и дека најголемиот дел од прекршоците се од техничка и бирократска природа.

Пред да бидат вратени парите ќе биде спроведена контрола, со цел да се потврди на кој начин биле потрошени средствата од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).

ЕУ за помош на земјоделците издвојува 40 проценти од вкупниот буџет на Унијата.

По Велика Британија, најголеми должници се Италија (48,2 милиони евра), Шпанија (40,6 милиони евра) и Полска (34,4 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП