2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ја менува стратегијата со претставувањето на „топ“ телефон

Sony ја менува стратегијата со претставувањето на „топ“ телефон

sony monie3

Компанијата „Sony Mobile“ ќе ја промени својата политика за издавање на водечки телефони, така што сега ќе претставуваат само еден „топ“ телефон годишно, наместо два – како што им е моменталната стратегија, наведуваат извори од тајванскиот ланец за снабдување.

Забавувањето во натпреварувањето кога станува збор за хардверот на телефонот, како и созревањето на „high-end“ сегментот на пазарот на телефони, го наведоа „Sony Mobile“ да ја промени својата стратегија со претставувањето на „топ“ моделите, наведуваат истите извори.

Исто така се додава дека „Sony Mobile“ сега ќе се фокусира на своите ресурси во развојот на „high-end“ модели. „Apple“ моментално е единствениот производител на паметни телефони кој ја усвои таквата политика, претставување на еден „топ“ модел годишно (иако новиот „iPhone“ е во две верзии).

Останатите производители не применија истата стратегија поради страв од загуба на пазарниот удел од конкуренцијата, затоа што препоставуваат ќе има недостаток на нови „топ“ модели.

„Samsung“, „LG“ и „Huawei“ имаат политика за издавање по еден „топ“ модел во првата и еден во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП