25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЛЕМ ја следи состојбата и го одржува водостојот на акумулациите на безбедно...

ЕЛЕМ ја следи состојбата и го одржува водостојот на акумулациите на безбедно ниво

hidroelektrana-630x360

 АД „Електрани на Македонија“ соопшти дека секојдневно внимателно ја следи состојбата поради обилните врнежи и зголемениот дотек на вода и се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.

Целта е хидроелектраните целосно да ја обработат  водата која надоаѓа во акумулациите, и при тоа да се одржува водостојот на дозволеното и безбедно ниво.

– За таа цел се оптимизира процесот на производство на електрична енергија, односно зголемено е ангажирањето на хидрокапацитетите како максимално би се искористиле хидропотенцијалите, додека намалено е производството од термокапацитетите со цел на зачувување на јагленот како енергенс за производство на електрична енергија и намалување на трошоците за производство, велат од ЕЛЕМ.

Заради намалување на трошоците на производство и зачувување на јаглен, од електроенергетскиот систем на Република Македонија исклучена е термоелектраната „Осломеј“, а во наредниов период, во зависност од потребите и расположливиот хидропотенцијал, производството на трите термоблокови во РЕК „Битола“ дополнително ќе се оптимизира.

– Нивото на Охридското Езеро во согласност со мерењата на АД ЕЛЕМ и УХМР, само во последните 48 часа е зголемено за осум сантиметри, но е под максимално утврдената работна кота на езерото. АД ЕЛЕМ превзема мерки за намалување на нивото со координирана работа на хидроелектраните Глобочица и Шпилје, велат од ЕЛЕМ.

Акумулациите на АД ЕЛЕМ, додаваат, и во наредниот период ќе имаат простор да ги прифатат и обработат зголемените дотоци на вода.  Акумулацијата „Маврово“ е исполнета со околу 49 отсто од целиот капацитет, езерото Тиквеш 85,17, додека акумулацијата  „Козјак“ заклучно со денеска е на ниво од 70,83 отсто исполнетост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП