19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска се уште не е подготвена да влезе во еврозоната

Полска се уште не е подготвена да влезе во еврозоната

polska1

Одлуката за терминот кога Полска ќе го воведе еврото би требало да биде донесена по изборите за новата влада во 2015 година.

На посебна владина седница беше договорено Полска да одбере внимателен пристап и првично да се обиде да ги исполни критериумите од Мастрихт, кои се неопходни за влез во еврозоната.

„Исполнувањето на критериумите од Мастрихт ќе и донесат корист на полската економија“, изјави претседателот на Полска, Броњислав Коморовски.

Коморовски изјави дека треба да се повлечат од одредување на некаков рок до кога Полска треба да го воведе еврото.

„Важно е со заеднички напори да ги увериме Полјаците дека треба  да го прифатат продлабочувањето на евроинтеграциите, не треба да ги плашиме“, изјави Коморовски.

„Потребно е да го разладиме ентузијазмот кај оние кои мислат дека најдобро за Полска би било уште утре да влезе во еврозоната. Полските правци кон еврозоната, ги програмираме полека со цел на Полска да и обезбедиме стабилност. И на економијата и на секој граѓанин“ додаде тој.

Според зборовите на полскиот премиер Доналд Туск, изборната 2015 година, кога Полјаците ќе ја изберат новата влада и новиот претседател на земјата, е одличен момент Полска јавно да соопшти дека е подготвена и дека таа ги исполнила потребните критериуми, као што е намалувањето на буџетскиот дефицит, тогаш Полска нема причина поради која ќе се срами од останатите земји во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП