6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на BASF

Намален профитот на BASF

basf1

Најголемиот хемиски концерн во светот, германскиот „BASF“, соопшти дека неговиот профит е значително намален поради слабата побарувачка на хемиските производи, како и поради високите даноци.

Оваа година од компанијата очекуваат раст на продажбата и профитот

Во соопштението се наведува дека нето профитот во 2012 година се намалил за 21,2 проценти, на 4,87 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс Прес.

За падот на профитот делумно се одговорни значително повисоките даноци за добрата заработувачка во секторот на нафта и гас, додаваат од компанијата.

Иако „BASF“ оствари рекордни резултати во секторот за нафта, гас и земјоделство, развојот на хемиските производи беше послаб во споредба со резултатите од 2011 година, изјави извршниот директор на компанијата, Курт Бок.

Профитот пред одбивањето на каматата и оданочувањето, е зголемен за 5,1 проценти на 8,88 милијарди евра, а приходите за 7,1 проценти, на 78,72 милијарди евра. Курт Бок наведува дека „BASF“ има цел во 2013 година да напредува и да го надмине нивото на продажбата и профитот од 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП